речник контакт

Митинг на Сојузот за иднината: в недела гласате двојно

На 24-ти март давате глас за Коцевски а го одземате легитимитет на Груевски, порача Црвенковски

Петар Печков

Нашата советничка листа е составена од млади, амбициозни, образувани и чесни луѓе, кои ќе дадат максимален придонес Велес повторно да се гради, младите да добијат работа а не да бегаат во туѓина на печалба. Ни го одземаа минатото ги исфрлија бистите на борците од НОБ, ни ја земаа сегашноста, ни ги доземаа насмевките а сега сакаат да ни ја украдат иднината   – рече  Благој Коларов носител на листата на коалицијата ,, Сојуз за иднината,,.

Груевски заедно со фамилијата пред две години ги амнестираше злосторниците кои се изживуваа врз невино цивилно население.  Тој заедно со медиумските соработници Латас, Мирка свирка и Миленко, дозволија и молчеа кога на УЧК се градеа споменици. Каде беа тие кога се применуваа училишта и улици со имиња на балисти. И тоа им беше малку па го направија командантот Форина, за министер за одбрана – изјави Стојанче Ангелов лидерот на  Достоинство.

 Велес виде каква грешка направи што не го избра Аце за градоначалник пред четири години. Еве им шанса за поправен. На 24-ти не дозволете да ви се повтори. Една мала група луѓе ја узурпира демократијата  и власта во Македонија.  Груевски  и луѓето околу него локалната ја доживува како база за вработување на партиски послушници и како пералница на пари. Видите се растрчале низ државата и премиерот и министрите, ги затвориле вратите. Молат и ловат   гласови. Во меѓувреме само ја задолжуваат Македонија, не задолжија нас, нашите деца и внуци.  Земаат кредити, како зависници од дрога, дневна и месечна доза мора да има, за да преживеат. Ги интересираат само парите и моќта – рече Тито Петковски претседателот на НСДП.

Вечерва сме собрани  и десница и центар и левица, за да ја симнеме оваа ненародна власт. Украдената победа на Коцевски  од пред четири години да му ја вратиме. На 24-ти гласаме   за иднината. Тогаш гласаме меѓу  онаа виртуелна Македонија што ја гледаме на тв екраните  каде сите се смеат, сите се радосни и сите имаат се што им треба и оваа реалната  Македонија која секој ден ја живеете. Знаете ли дека во јануари се собрани 49 милиони евра помалку приходи во УЈП, затоа што економијата нема пари. Видете околу себе колку луѓе ги нема, заминале ја напуштиле земјата. Во Македонија не живее 21 отсто од нејзиното население. 500 милиони евра се потрошија за проектот Скопје 2014, не навлегувам дали споменикот е убав или не, туку прашувам дали имаше потреба да се вложат толку многу пари. Да ги вложеа во внатрешноста, граѓаните ќе живееја поубаво  – рече  Љубчо Георгиевски лидерот на ВМРО-НП.

Во земјава царува говорот на омраза, народот е поделен како никогаш досега, општеството партизирано, корупцијата и организираниот криминал цветат. Големите идеи за одбрана на името и редифинирање на идентитетот, големи дози на популизам и патриотизам за жал најдоа плодна почва во Македонија. Владата ја разубавува сивата слика на животот со позајмени пари и со валкани црни реклами. Почитувани граѓани Вие со вашиот глас ја земате и давате власта. Вие најдобро знаете како живеете, подобро или полошо, дали општината напредува или назадува, дали се гради или разградува. Функцијата градоначалник ќе ја извршувам чесно и поштено, ќе бидам градоначалник на сите. Мојата визија е Велес да биде просперитетна, економски развиена општина, посакувана за живеење, отворена и европска современа по мерка на граѓаните, на задоволни  и среќни кои ќе се гордеат, општина со квалитетни услуги,  квалитетно образование. Мој врвен приорите ќе биде  подобрување на локалната бизнис клима, за да може да се отворат нови работни места – рече Аце Коцевски кандидатот за градоначалник  на општина Велес од  Сојузот за иднината  

Битката трае, отпорот продолжува, одиме до крај, до конечна победа. Немаме два живота, за едниот да ни го упропастат. Немаме две татковини за едната тие да ни ја уништат. Стопанството на колена, народот осиромашен, државата презадолжена.  Заведоа диктатурата, владеат со закани и уцени, најсилни оружја се лагата и стравот, Никој вака безобразно, бесрамно  не го лажел  сопствениот народ како оваа власт. Што се не се изнаслушавме изминатите месеци и години, Најмногу иритира, не тоа што лажат туку што мислат дека им веруваме. На 24-ти март давате глас  за Коцевски а го одземате легитимитет на тиранијата на Груевски.  Затоа и тој е толку растрчан. Не затоа што многу се секира во какви услови ќе живеат граѓаните, туку  што го чека со народна казна. Искористете  ја ова прилика. Аце е синоним за чесност, скромност, одговорност, исполнителен вреден човек домаќин тој и советничка листа ја заслужуваат Вашата доверба, заради вас и иднината на Вашите семејства  –рече Бранко Црвенковски на митингот на здружената опозиција кој се одржа на Сармаале.

 платен политички простор

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »